Јапонија тестира воз што ќе се движи со 400 километри на час

23

Alfa – X најбрзиот воз во светот, ги започна своите тестови во Јапонија. Ултра брзото транспортно возило е дело на Kawasaki Heavy Industries и Hitachi, а може да достигне брзина од 400 километри на час.

Сепак, патниците ќе патуваат со нешто помала брзина односно 360 километри на час, кога се очекува и неговото официјално пуштање во употреба во 2030 година, пишува The Verge.

За да може полесно да ја контролира брзината, Alfa – X has има и 22-метарски аеродинамичен “нос“, односно издолжен преден дел. Со негова помош се минимизира притисокот и бучавата што ќе ја прави, особено во тунели.

Возот е опремен со воздушни кочници на покривот и магнетни плочи на долниот дел за кочење.

Фото: Youtube