Фото: Pexels
Јапонската старт – ап компанија ZMP Inc, којашто се занимава со производство на роботи, во партнерство со такси оператор од Токио, за време на Олимписките игри во 2020 година, ќе пушти автономни такси возила, пишува Reuters.
Автономните такси возила се идеални за јапонскиот пазар којшто се соочува со постара популација и намалена работна сила. За таа цел, ZMP склучи договор со такси компанијата Hinomaru Kotsu којашто поседува 607 возила.
“Автономните такси и такси индустријата може да се развиваат и напредуваат заедно“, вели извршниот директор на ZMP, Хисаши Танигучи.
Компанијата започна тестирање на автономни возила уште минатата година со присуство на возач, а првите тестови на автономни возила без присуство на возач треба да бидат спроведени оваа година.