Јапонски научници развија стакло силно како челик

24

staklo

Научници од Јапонија развија сосема нов вид на стакло коешто е силно и издржливо како и челикот, пишува The Asahi Shimbun.

“Ние ќе изнајдеме начин да започнеме масовно производство на овој нов вид на стакло за брзо време. Ние сме во потрага по комерцијализирање на оваа техника во рок од пет години“, изјави Атсунови Масуно, професор на Универзитетот во Токио.

Јачината на ова стакло произлегува од присуството на силициум диоксид, чијшто интензитет е зголемен поради мешање на алуминиум оксид на алуминиумот.

Истражувањата на научниците покажуваат дека овој вид на стакло е скоро на исто ниво по јачина како и железото и челикот.