Бруто домашниот производ на Јапонија во првиот квартал од оваа година се намали за 5,1%, по скокот од 11,6% во претходното тримесечје, покажуваат официјалните податоци.
Падот, којшто е поголем од очекувањата на аналитичарите од 4,6%, е последица од намалената приватна потрошувачка за 1,4% поради воведување вонредна состојба заради сузбивање на пандемијата, поради купувачите останаа дома, пренесува CNBC.
Поголем пад на бруто домашниот производ, исто така, е одраз на намалените капитални трошоци за 1,4% бидејќи компаниите ја намалиле потрошувачката на опрема за машини и автомобили, што е спротивно на оценката на економистите дека капиталната потрошувачка ќе порасне за 1,1%.
Извозот на Јапонија порасна за 2,3% благодарение на скокот на глобалната побарувачка за автомобили и електроника.
И покрај големата монетарна и фискална поддршка, јапонската економија во претходната фискална година, завршена на 31-ви март, забележи пад од рекордни 4,6%.
Фото: Freepik











