Јапонскиот пасош најмоќен, македонскиот на 47 место

101

Македонскиот пасош се најде на 47- то место, од вкупно 107 места на листата најмоќни пасоши во светот покажува истражување Henley Passport Index. Со македонски пасош може да се патува во 123 земји во светот без виза.

Најдобро пласиран е јапонскиот пасош со кој без виза може да се патува во 191 земја, а зад него следат сингапурскиот, со 190, јужнокорејскиот и германскиот со 189 земји.

Од поранешните југословенски републики, Словенија е најдобро пласирана на 11 место заедно со Летонија и Исланд, со кои без виза може да се патува во 180 држави. Хрватска е на 20 место, Србија на 39 место, Црна Гора на 44 место. Зад нас се Босна и Херцеговина на 52 место, Албанија на 54 место и Косово на 99 место.

Фото: Pexels