Јавен оглас за вработување на 80 лица на државни раководни функции

51

georgiev_g_11-600x386 (1)Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата распишува јавен оглас за ангажирање на повеќе од 80 лица на високи државни раководни позиции и функции, кои се испразнети или пред испразнување.

Ќе се вработуваат директори и заменици-директори на државни агенции, директори и заменици директори на крупни државни претпријатија, на раководни позиции во инспекторатот, во јавните претпријатија, државни секретари во министерствата, како и лица кои ќе бидат ангажирани надвор од државата во амбасадите.

“Позициите во овој оглас се однесуваат на раководни места кои не се пополнети, позиции за смена на раководните лица на кои мандатот им завршува наскоро и за позиции на кои моментално постои вршител на должност од извршната власт”, појасни Ѓорѓиев.

Оние кои ги поседуваат потребните вештини и квалификации, како и оние кои се чувствуваат подготвени да одговорат на овие позиции слободно да аплицираат за да можат да бидат ангажирани, апелираат од Владата.