Јавен повик за финансиска поддршка на дигитализацијата во компаниите

24

Комисијата за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите како заедничо работно тело на Стопанската комора на Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија и Хелветас Швајцарска Интеркооперација со Подружница во Скопје распиша Јавин повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите.

Со финансиска поддршка во одреден процент во имплементирањето на современи дигитални решенија – САП во македонските компании, градејќи концепт на “Интелегентно претпријатие” (Intelligent Enterprise), решенија кои ги следат најновите трендови на компаниите од сите дејности и се светилник во ерата на дигиталната трансформација, трите партнери ќе дадат свој активен придонес и силно ќе се влијаат на продуктивноста, на зголемување на ефикасноста, на вработувањата и ефективноста во бизнисот.Содржината на Јавниот повик и потребната документација е на следниот линк:https://www.mchamber.mk/default.aspx?mid=3&evid=80261&lng=1