Јавен превоз во Сан Франциско: Безжичен интернет, кафе, плаќање со паметен телефон…

56

leap 1

Безжичен интернет, кафе, сокови, Bluetooth, плаќање со паметен телефон… ова се дел од можностите што се нудат во јавниот превоз во Сан Франциско, преку автобусите на компанијата Leap.

“Сè што треба да направите е да влезете и да седнете“, е мотото на компанијата, којашто во своите автобуси нуди голем број технички иновации.

leap 3

Автобусот сообраќа секојдневно од седум часот наутро до 22 часот навечер, а според возниот ред го има на секое 15 минути. Преку посебна апликација, патниците добиваат и точни информации за моменталната позиција на автобусот, како и за тоа колку и дали има слободни места.

leap 2

Едно возење со овој автобус чини шест долари, а картата може да се плати и со паметен телефон.