Јавна трибина: Регистар на население и електронски услуги

25

Во рамки на најавениот проект за воспоставување на централен регистар на население и воведување на електронски услуги, се изготвија и Закон за централен регистар на население и Закон за електронско управување и електронски услуги.

Поради исклучителното значење на централниот регистар на население и дигитализацијата на услугите на јавната администрација, Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна трибина, на којашто ќе се презентираат законите, како и концептот на регистарот.

Јавната трибина ќе се одржи на 20.04.2018 година (петок), во 11 часот, во кино салата на Клубот на пратеници.

На јавната трибина ќе бидат презентирани и клучните приоритети и мерки на Владата, за квалитативни реформи во начинот на обезбедување на административните услуги. Воедно, свои обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, меѓународниот експерт кој обезбеди стручна помош при подготвување на законските решенија и претставници на невладиниот сектор кои се активни во оваа област.

Говорници:

– Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација,

– Георги Димитров, Меѓународен правен експерт во областа на ИТ,

– Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар,

– Љупчо Петковски, Извршен директор на Евротинк.

Јавната трибина е отворена за сите граѓани.