Јавниот долг на еврозоната достигна 97,3% од БДП

23

Јавниот долг на еврозоната на крајот на третиот квартал се зголеми на 97,3% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП) во однос на 95% колку што беше на крајот на второто тримесечје од 2020 година. Причина за зголемување на јавниот долг во овој блок европски држави е поради мерките што се преземаа како одговор на пандемијата.

Во Европската унија, уделот на јавниот долг во БДП, исто така, е зголемен во третото тримесечје од минатата година на 89,8% од 87,7% колку беше претходните три месеци, објави Eurostat.

Во според со третиот квартал од 2019 година, учеството на јавниот долг во БДП на еврозоната е зголемено за 11,5%, а во ЕУ за 10,6%, што е последица на зголеменото задолжување и намалување на економската активност.

Фото: Freepik