Јавниот долг на Србија 61,2% БДП

44

evraЈавниот долг на Србија на крајот на 2013 година бил 20,09 милијарди евра, што е 61,2% бруто домашен производ (БДП), објави Управата за јавен долг, јавува Танјуг.

На крајот на 2012 година јавниот долг бил 17,67 милијарди евра, што значи дека во текот на 2013 година се зголемил за 2,42 милијарди евра.

Вкупните директни обврски на Србија на крајот на декември 2013 година изнесувале околу 17,28 милијарди евра, при што внатрешниот долг бил 7,03 милијарди евра, а надворешниот 10,25 милијарди евра. Вкупните индиректни обврски на крајот на минатата година биле 2,81 милијарди евра.

Од вкупниот јавен долг на Србија, 75% е по фиксни, а 25% по променливи каматни стапки.