Јавниот долг на Црна Гора може да достигне 90% од БДП

32

Шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Црна Гора, Јап Спреј, предупреди дека јавниот долг на земјата би може од минатогодишните 80 да се зголеми на 90% од вредноста на бруто домашниот производ на таа земја.

Спреј навел дека станува збор за релативно “евтин“ долг кон меѓународните финансиски институции, коишто ја поддржуваат црногорската влада и испитуваат што се случува.

Причина за зголемување на јавниот долг се наведуваат трите економски пакети со мерки што властите ги донесоа за поддршка на економијата во услови на пандемија, а во исто време се забележува пад на буџетските приходи.

За оваа година се проектира пад на црногорскиот БДП за 9%, а за следната година се очекува раст од околу 5%.

Фото: Freepik