Огромното јавно задолжување на Велика Британија почна да се намалува минатиот месец, првпат од почетокот на пандемијата, а е поддржано од добрите економски сигнали што покажуваат потенцијално брзо закрепнување на јавните финансии.
Нето задолжувањето на британскиот јавен сектор во април изнесуваше 31,7 милијарди фунти, што е значително помалку во однос на рекордните 47,3 милијарди фунти една година претходно, кога државните финансии биле под голем притисок од пандемијата, пренесува Ројтерс.
Владата на Велика Британија во текот на изминатата година трошела големи износи на здравствени мерки за ублажување на последиците од пандемијата, како и субвенции со цел да го запре големиот раст на невработеноста во текот на најголемиот економски пад во последните 300 години.
Задолжувањето во фискалната 2020/2021 година изнесуваше 300,3 милијарди фунти или 14,3% од годишната економска активност, што е најмногу во една година од крајот на Втората светска војна.
Економските аналитичари на британската влада предвидеа дека на почетокот на март задолжувањето за оваа фискална година ќе порасне на 10,3% од вредноста на бруто домашниот производ.
Вкупниот нето јавен долг како удел во БДП е на највисоко ниво од 1962-ра година и изнесува 98,5%.
Фото: Pexels











