Јавниот повик за признанието Успешни млади отворен до 18 септември

17

Јавниот повик за доставување пријави за признанието Успешни млади за 2019 година, што го доделува Претседателот на Република Северна Македонија е отворен до 18 септември 2020 година.

Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум категории:

  1. Најдобар/а  млад/а научник/чка во општествените науки;
  2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;
  3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;
  4. Најдобар/а  млад/а  научник/чка во медицинските науки;
  5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка;
  6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);
  7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);
  8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Јавниот повик во кој детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на:

–         македонски јазик https://pretsedatel.mk/uspesnimladi2019/

–         албански јазик https://pretsedatel.mk/al/te-rinj-te-suksesshem-2019/

–         англиски јазик https://pretsedatel.mk/en/public-call-for-submission-of-applications-for-the-recognition-successful-youth-for-2019/

Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено се охрабруваат сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието Успешни млади.