Владата на Србија вчера донесе одлука во министерствата, посебните организации и служби на Владата, правосудството и јавните агенции, работното време наместо од 8.30, да започнува во 7.30 и да завршува во 15.30 часот. Оваа одлука е донесена со цел да се постигне подобра и поефикасна организација на работното време, пренесуваат српските медиуми.
Вчера српската влада донесе Уредба за начинот на користење на службени возила, со која е пропишан начинот на рационално користење на службени возила, за да се постигнат максимални заштеди. Со уредбата е пропишано дека право на службено возило од висока класа на постојано користење имаат претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот и потпретседателите на Влада и претседателите на Уставниот и на Врховниот суд.