Јавно приватно партнерство за електронски систем за следење акцизни добра

53

На седница Владата ја разгледа информацијата и донесе одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за воспоставување на електронски систем за следење на акцизни добра.

Со оваа одлука се задолжени Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Министерството за финансии, Царинска управа, Управа за јавни приходи, и сите други министерства агенции и инспекторати, вклучително и соодветните комори, во рок од три дена да номинираат по еден член и заменик член во Комисијата која во рок од 60 дена до Владата треба да достави предлог правни акти (законски и подзаконски) за функционирање на Електронскиот систем за следење на акцизни добра (track and trace) како и за постапката за воспоставување јавно приватно партнерство.

Согласно информацијата Управувањето со овој систем е целосно во надлежност на Царинската управа со цел да се обезбедат услуги во насока на дизајнирање, финансирање, управување и одржување на интегриран систем за управување, мониторирање и следење на акцизните добра во Република Северна Македонија.

Фото: Freepik