Јелашиќ не ја напушта Ерсте банка

60

Радован Јелашиќ не сака да го напушти местото генерален директор на Ерсте банка во Унгарија. Оваа изјава следува откако српскиот министер за финансии Млаѓан Динкиќ предложи поранешниот гувернер Јелашиќ да биде поставен на чело на Советот на гувернери на Народната банка нa Србија.

Јелашиќ беше гувернер на Народна банка на Србија (НБС) во периодот меѓу 2004 и 2010, по што поднесе оставка од лични причини. Потоа Јелашиќ стана генерален директор и претседател на Ерсте банка Унгарија.