Јелен: Инфлацијата во САД ќе продолжи да паѓа со текот на времето

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека сè уште верува дека американската инфлација ќе продолжи да опаѓа.

Таа го рече ова и покрај новите податоци за потрошувачките цени кои покажуваат скок на трошоците за домување, објави Ројтерс.

„Дефинитивно веруваме дека со текот на времето се намалува“, рече Јелен во интервјуто на маргините на состаноците на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка во Мароко.