Jimmy Choo – чекор по чекор до светски познат бренд

162

Во секоја животна приказна има подеми и падови. Дури кога ќе го допреме дното, ќе бидеме подготвени да се вивнеме нагоре. Тоа и успеа на Тамара Мелон, основач и директор на Jimmy Choo.

jimmy-choo-limit-tri-tone-leather-pumps-shoe-envy-on-haute-a-toronto-fashion-lifestyle-blog-03

Покрај сета слава и богатство, патот кој Тамара Мелон го изоде со нејзините чевли, не беше воопшто лесен. Битките со зависностите, анксиозноста и депресијата ја однесоа на рехабилитација. Но, Тамара Мелон успеа да се трансформира од гасеница во пеперутка. Решила дека повеќе не сака да живее со своите родители во нивната визба, под влијание на мајка алкохоличар и поттикната од својот природен инстинкт за бизнис, решила да инвестира во тоа што најдобро го знае – модата.

tamara-mellonСвојата кариера ја започнува во Phyllis Walters и работи во секторот за односи со јавност. Потоа нејзиниот животен пат ќе ја одведе до уредничката фотелја во Vogue во 1990 година.

Бурниот живот што го живеела и зависноста од дрога, ја одвеле до дното. Добива отказ од Vogue и заминува на рехабилитација. Таму се родила идејата за модниот бренд Jimmy Choo. Кога се вратила дома, побарала пари од својот татко за да основа своја компанија. Татко и, кој и бил голема поддршка во животот, поддршка што не можела да ја добие од мајка си, ја посоветувал да не дозволува сметководителите да и го водат бизнисот. Тамара ги презема работите во свои раце и заедно со Џими Чу во 1996 година во Италија, го основаат светски познатиот бренд Jimmy Choo, специјализиран за луксузни чевли, дизајнирани чанти и акцесорис.

Џими Чу бил познат чевлар, кој изработувал чевли за Принцезата Дијана. Планот бил тој да дизајнира, а Тамара да се посвети на производство, маркетинг и трговија. Но, Чу не бил толку генијален и креативен како што го сметале, па многу често Тамара го работела и дизајнот.

tamara-mellon

Во 2001 година производите на Jimmy Choo се продаваат во повеќе од 100 продавници и истата година стануваат партнери со Equinox Luxury Holdings Ltd. Во 2004 година компанијата вредеше 101 милион фунти. Jimmy Choo моментално има 39 продавници и развиена дистрибутивна мрежа насекаде во светот. Во 2007 година Мелон се најде на листата на најбогати жени во Британија, со богатсво вредно 99 милиони фунти.

Во 2011, Тамара Мелон го продава своето бизнис царство за вртоглави 638 милиони евра, но најави дека ќе остане како креативен консултант во куќата.

Врвот на популарноста го доживеа со популарната серија Сексот и Градот.

stilettos-sex-and-city

Тамара Мелон сега има свој бренд, под сопствено име.

Тамара неодамна издаде книга In My Shoes, во која претстави 10 важни лекции што морате да ги знаете и на кои мора да бидете подготвени во секој бизнис:

Направете план, но бидете флексибилни

Внимавајте со кого влегувате во бизнис

Верувајте му на сопствениот инстинкт

Бидете подготвени на неуспех

Вртете пари и држете ги трошоците на што пониско ниво

Бидете креативни

Избегнувајте тужби и правни освети

Бидете свесни кој е кој

Во некој период ќе мора да се соочите со моментот на вистината

Бидете подготвени да си заминете