Johnson & Johnson ги повлекува апчињата за контрацепција Cilest

64

922759cf-a929-4382-b898-2fbfaed950d5Компанијата Johnson & Johnson повлекува околу 32 милиони пакети со апчињата за контрацепција Cilest во Европа, Азија и Латинска Америка, јави Ројтерс повикувајќи се на портпаролката на компанијата.

Контрацептивните апчиња Cilest може да се најдат на пазарите во 43 земји, меѓутоа не и во САД, забележува агенцијата.

Како што изјави портпаролката Мичел Романо, компанијата повлекува 179 серии од апчињата поради една активна состојка којашто на рутинско тестирање ја немало.

Според медиумите, еден од двата хормона во апчињата Cilest се отпуштал побавно отколку што се предвидувало. Романо, пак, тврди дека производот и натаму е безбеден, како и дека нема никакви опасности за жените кои го користат ова средство за контрацепција.

Апчињата Cilest за спречување несакана бременост ги произведува Janssen Pharmaceuticals Inc. филијалата на Johnson & Johnson.