Johnson & Johnson од вакцини заработи 100 милиони долари

18

Американската компанија Johnson & Johnson има зголемување на добивката и приходите во првото тримесечје од оваа година, одразувајќи го скокот на продажбата на лекови и медицинска опрема, како и на испорака на вакцини против коронавирус.

Од продажба на вакцини против коронавирусот компанијата оствари приходи од 100 милиони долари.

Вкупните приходи во првото тримесечје пораснаа за 7,9% во однос на истиот период, достигнувајќи 22,32 милијарди долари. Нето добивката е зголемена за 6,9%, на скоро 6,2 милијарди долари.

Продажбата на лекови за карцином се зголеми за 45,7%, на 1,37 милијарди долари, додека лекот што се користи за Кронова болест и псоријаза, се зголеми на 2,15 милијарди долари.

Фото: Pexels