
Фото: Pexels
Јоргованот не е само декоративно цвеќе, тој е и лековита билка, како и дел од индустријата за парфеми. Во народната медицина кората од дрвото и семето се користи за регулирање на столицата и варењето.
Успешно ги ублажува симптомите на треска и висока температура, а посебно е делотворен во лечење на маларија. Јоргованот е и аналгетик, ги намалува болките, лечи реума, ги јакне нервите и ги обновува ќелиите на црниот дроб.
Ароматичен чај
Кората од стеблото се остранува рано напролет или наесен, откако ќе созреат цветовите. Се суши иситнета на топло и ветровито место. Таа содржи многу корисни состојки како сирингин, танин, минерали и етерични масла.
Се подготвува како чај на тој начин што во два децилитри вода се става една лажица иситнета кора и плодови. Чајот кратко треба да вари и да се остави да стои еден час. Во зависност од тргобите, се пие од една до три чаши во денот,
Масло за реума
Маслото од цветовите, пак е добро за масажа, лечење на реума и невралгија. Западната и народната медицина го користат за плакнење на устата, за намалување на висока температура и чистење на цревата.
Во козметичката индустрија екстрактот од јоргованот се користи во тониците и кремите, наменети за чувствителна кожа склона кон црвенило.
Маслото се подготвува на следниот начин: Наполнете тегла од литар ипол со цветови од јоргован без да ги гмечите, налејте маслиново масло до врвот, добро затворете ја теглата и чувајте ја на сонце две недели со повремено мешање. Потоа процедете ја низ стерилна газа и масирајте по потреба. Се чува на ладно место, но не во фрижидер.