Јосифовски купи 90 акции од Макпетрол

219

Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол, Андреја Јосифовски купи 90 акции од друштвото, стои во официјалното известување доставено до Македонска берза.

“Претседателот на Управниот одбор Андреја Јосифовски, се стекна со 90 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје“, стои во известувањето.

Компанијата Макпетрол минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 392.487.000 денари.

Фото: Freepik