Јован Радосављевиќ – нов генерален директор на Пивара Скопје

65

FOTO_Jovan Radosavljevic_Pivara Skopje

Од денеска, 1-ви март 2016-та, функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Јован Радосављевиќ. Тој на оваа функција доаѓа по Александар Ружевиќ, кој е унапреден на позицијата генерален директор на Coca – Cola HBC за Србија и Црна Гора, соопштуваат од компанијата.

“Ќе настојувам Пивара Скопје да го продолжи трендот на раст, фокусирајќи се на градењето доверба со купувачите, зголемувајќи ја љубовта на потрошувачите кон нашите брендови и обезбедувајќи натамошен одржлив развој и вложувања во заедницата“, истакна Јован Радосављевиќ, во својата прва изјава по стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.

Тој на оваа позиција доаѓа од местото комерцијален директор на Coca – Cola HBC во Романија, каде во изминатите три години, благодарение на неговото стратешко лидерство и конзистентен пристап во претворање на пазарните можности во позитивни резултати, компанијата оствари двоцифрен раст на продажба на Coca – Cola портфолиото и освои пазарен удел. Успехот на Радосављевиќ и неговиот тим на пазарот во Романија се должи меѓудругото и на развојот на многу силен и способен комерцијален тим, што резултираше со натамошно јакнење на мотивацијата на вработените и целосна ориентација кон потребите на пазарот, што во крајна линија го поттикна задоволството од квалитетот на услугата и довербата.

Веднаш по дипломирањето на Економскиот факултет во Белград во 1998 година, Јован Радосављевиќ ја започнал својата кариера во Coca – Cola HBC во Србија, каде за 14 години ги поминал сите скалила на професионален развој во комерцијалниот сектор на компанијата. Како главен менаџер за продажба за Србија и Црна Гора, тој покажа силно лидерство, благодарение на што компанијата достигна исклучителни продажни резултати и континуитет во пазарните успеси.

Ваквите одлични резултати во досегашната кариера на Радосављевиќ, остварени во интернационалната средина на Coca – Cola HBC, во комбинација со искуството и автентичниот стил на управување со комплексни тимови, се дополнителна гаранција дека под негово раководство, Пивара Скопје ќе продолжи со развојните планови и ќе ја задржи позиција на општествено одговорен ентитет.