Јованка Јолеска Поповска реизбрана за Генерален директор на ПроКредит Банка

407

ПроКредит Банка АД Скопје известува за измени во органите на управување и раководење.

Народна банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност за повторно именување на Јованка Јолеска Поповска за член на Управниот одбор – Генерален директор на ПроКредит Банка АД Скопје.

Исто така, Народната банка на на Република Северна Македонија издаде претходна согласност за повторно именување на Емилија Спировска за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје.

Моменталната структура на Управниот одбор на ПроКредит Банка ја сочинуваат:

  • Јованка Јолеска Поповска – Генерален директор и член на Управен одбор;
  • Емилија Спировска – Член на Управен одбор;
  • Стевче Кузмановски – Член на Управен одбор.