ЈП Водовод и канализација со промена на работното време

82

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја ја известува јавноста за следните промени во работниот процес:

Во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје шалтерите за наплата на сметки ќе работат со ново работно време и тоа само од понеделник до петок од 8 до 15 часот.

Теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

Во овој момент, со цел почитување на препораките за спречување на ширењето на КОВИД -19, оттаму ги повикуваат корисниците да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Посетете ја веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието.

Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје за физички, а отсега  и за правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk.

За полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, симнете ја мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS. Бидете инфромирани за тековните дефекти, новости и дневни известувања и пристапете до електронските сервиси.

Искористете го вашето време разумно и скенирајте ги QR кодовите достапни на флаерот доставен со сметките за месец март, 2020 година, кои директно Ве водат до мобилната апликација на ЈП Водовод и канализација – Скопје и до електронските сервиси на e.vodovod-skopje.com.mk.

Бидете во чекор со времето, пополнете го формуларот достапен на флаерот за електронска достава на вашата фактура.

За екоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

  • 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
  • 02 3240 300, Дирекција
  • kontakt@vodovod-skopje.com.mk
  • vodovod-skopje.com.mk
  • wwfacebook.com/jpvodovod.skopje