Југоисточниот регион со најголемо учество во креирање на бруто додадена вредност во земјоделството

16

Во креирањето на бруто – додадената вредност во земјоделството во Република Македонија, во 2012 година, најголемо учество има Југоисточниот регион со 33,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Потоа следи Пелагонискиот со 20,8%, додека најмало учество има Североисточниот регион со 3,7%.

Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 38,2%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Пелагонискиот регион со 21,3%.