Имплементацијата на развојните проекти во општина Гевгелија и тековните активности во остварувањето на функциите на органите на локалната самоуправа беа дел од темите на кои разговараа градоначалникот на општината Иван Франгов, заменик министерот за локална самоуправа Ѓорѓи Сајкоски и државниот секретар Билјана Цветановска.
Акцентот на разговорите беше ставен на реализацијата на двата ИПА проекти од програмата за прекугранична соработка со Бугарија за кои општина Гевгелија доби 32.000 евра.
“Оваа година се одвоени 60 милиони денари за рамномерен регионален развој. Тоа се средства кои ќе бидат потрошени на проекти кои ќе ги користат центрите за развој на регионите, планските региони и општините. Југоисточниот регион е еден од поангажираните региони и неговата стапка на развиеност се наоѓа веднаш зад Скопскиот”, рече заменик-министерот.
Градоначалникот Франгов потенцираше дека се разговарало за двата ИПА проекти за изградба на инфраструктура од мал обем за еко-туризам и за реконструкција на Пионерскиот дом во Гевгелија.