Југоносталгија – можност за успешен и профитабилен бизнис

348

Компании низ земјите од Балканот развиваат нови начини преку кои нивното комунистичко минато ќе го претворат во профит. По распаѓање на Југославија, идејата за она што е југословенско загуби на популарност. Но, сега југоносталгијата повторно заживува меѓу поранешните земји членки и се претвори во можност за развој на туризам, пишува Forbes.

Дизајнерот Марио Милаковиќ одлучи неговата пасија за стари предмети да ги претвори во Yugodom, музејска збирка  во форма на соба за гости или музеј за престој, сместен во Белград.

Во Yugodom може да се престојува во оригинална југословенска куќа од средината на минатиот век, со мебел, декорации, детали и сувенири од тоа време. Сите предмети имаат оригинална ознака Made in Yugoslavia.

Во текстот, Forbes го наведува и атомското скривалиште изградено за поранешниот претседател Јосип Броз Тито и 350 негови блиски лица, што претставува мошне популарна туристичка атракција во Босна и Херцеговина.

Југоносталгијата е тренд во пораст, како за странците, така и за младите луѓе од регионот кои сакаат да дознаат повеќе за тој период. Обновување на социјалистичкото искуство можат да бидат профитабилен бизнис и претприемачки успех, заклучува Forbes.

Фото: Pixabay