Jumbo инвестира 35 милиони евра во магацини и канцеларии во Романија

62

Грчкиот трговец со играчки и декорации за домот, Jumbo почна со изградба на првиот магацински простор во Романија, во којшто ќе има и канцеларии. Целата инвестиција ќе биде околу 35 милиони евра, а објектот ќе се наоѓа во јужниот дел на Букурешт, пренесува Romania Insider.

Ова ќе биде првиот магацин на Jumbo во Романија. Ќе се протега на површина од 75.000 метри квадратни и ќе има канцелариски просто од 500 метри квадрати. Исто така, ќе има и зелена површина од околу осум хектари.

Се очекува инвестицијата да биде реализирана во текот на првите шест месеци од оваа година.

Минатата година Jumbo купи земјиште од Alpha Real Estate Services, што претставува дивизија за недвижен имот на грчката Alpha Banka, во трансакција вредна околу 2,8 милиони евра.

Фото: Pexels