Jump – иновативен електричен велосипед

29

Фото: Jump

Компанијата Jump, којашто е во сопственост на Uber, претстави иновативен електричен велосипед, што има дел за лесна навигација и заклучување што го штити од кражби, пишува Dezeen.

Новите функции треба да го направат овој велосипед попривлечен за неискусните возачи, а исто така овозможуваат и полесно сервисирање.

Велосипедот, што е во светло црвена нијанса, има специјален ланец за заклучување сместен во задниот браник.

Велосипедот, со помош на педалите и батеријата, може да достигне брзина од 32 километри на час, со што на корисникот му овозможува поголема брзина со помал напор.