Јутубери собраа пари за 20 милиони садници

50

Познатите креатори на видеа на YouTube, познати како Mr. Beast и Mark Rober, започнаа акција со којашто за неколку недели се собра износ доволен за засадување на 20 милиони садници ширум светот.

#ТeamTrees е кампања започната од YouTube ѕвездите во октомври, а само во првите 48 часа откако кампањата стартуваше на 25-ти октомври, биле собрани повеќе од пет милиони долари.

Во оваа кампања се приклучија и славни личности. Основачот на Tesla, Елон Маск донираше милион долари, Сузан Војчички, од YouTube уплати 200.000 долари, a шефот на Twitter, Џек Дорси 350.000 долари.

Пошумувањето треба да започне во јануари следната година, а се очекува да биде комплетирано во декември 2022 година на сите континенти, освен на Антарктик.

Фото: Pexels