Јувелир од Израел прави маска од 1,5 милиони долари

79

Компанијата за изработка на накит Yvel од Израел ја изработува најскапата маска во светот што ќе чини 1,5 милиони долари.

“Маската од 18-каратно бело злато ќе биде декорирана со 3.600 бели и црни дијаманти, а по барање на купувачот ќе има N-99 филтер“, вели дизајнерот Исак Леви.

Леви, кој е сопственик на компанијата Yvel, вели дека купувачот има две барања: маската биде изработена до крајот на годината и тоа да биде најскапата. Според Леви, второто барање било “многу лесно да се исполни“.

Тој не го открил името на купувачот, само кажал дека се работи за кинески бизнисмен кој живее во САД.

Фото: Instagram