Јужен тек во Словенија во 2014 година

47

Изградбата на гасоводот Јужен тек во Словенија ќе започне 2014, односно 2015 година, по добивањето на потребните дозволи. Активностите веќе се започнати и не се ограничени само на подготовка на стручните основи за вклопување на објектите на гасоводот во просторот во рамките со словенечкото законодавство, туку опфаќаат и активни подготовки за делување на заедничките служби Јужен тек Словенија, изјави директорот на компанијата Плиноводи, Марјан Еберлинц.

Капацитетот на гасоводот кој ќе влезе во Словенија ќе биде околу 26 милијарди кубни метри гас годишно, а во Словенија ќе останат оние количини што ќе бидат наменети за домашните потрошувачи.

Унгарската страна на проектот Јужен тек му даде статус од национално значење. Вчера Гаспром и Унгарија усвоија конечна позитивна инвестициска одлука за изградба на унгарскиот дел од гасоводот во должина од 229 километри.

Во февруари 2008 година Русија и Унгарија потпишаа договор кој предвидува приклучување на Унгарија кон системот Јужен тек, а во октомври 2011 година унгарската влада донесе одлука за промена на овластената компанија во рамките на реализацијата на проектот.

Унгарски партнер на Гаспром во проектот е MVM Zrt, државна компанија која се занимава со испорака на електрична енергија, сопственик е на националниот систем за транспорт на гас и обезбедува испорака на енергенси на внатрешниот пазар.

Изградбата на Јужен тек на европскиот дел ќе започне на 9 ноември во Бугарија. Гасоводот ќе оди од Црно Море до Италија и би требало да биде завршен до крајот на 2015 година.