Јужна Африка ја намали испораката на портокали во ЕУ – Како овој чекор ќе влијае на пазарот?

16

Од 16 септември, Јужна Африка доброволно ќе ги запре испораките на портокал во Европската Унија од областите погодени од габична болест.

Тоа е болест која предизвикува оштетување на кората, но не доведува до распаѓање на плодот. Одлуката за прекин на извозот во ЕУ уследи по десет инциденти во кои габичната болест беше откриена кај јужноафриканските цитруси. Здружението на одгледувачи на цитрус од Јужна Африка CGA забележува дека затворањето на пазарот ќе биде постепено и дека 130.000 работни места и годишниот финансиски профит се загрозени.

До крајот на сезоната 2022 година, се очекува да бидат испорачани 167,2 милиони картони со цитрус, што е за 3,3 милиони помалку од предвиденото на почетокот на сезоната. Локалните овоштари годинава се соочуваат со значителна загуба. Дополнително на притисокот е и порастот на трошоците за производство – цените на ѓубривата се зголемија за нешто повеќе од 56 отсто помеѓу 2020 и 2021 година, а горивото за 53 отсто. Трошоците за транспорт достигнаа рекордни приноси, а растот на трошоците за бродските линии беше 128 проценти помеѓу првиот квартал од 2020 година и првиот квартал од 2022 година.

Исто така, се забележува дека овој случај трае со месеци и дека Јужна Африка веќе се пожалила до Светската трговска организација откако Европската унија, во јули оваа година, воведе нови барања за безбедност и здравје на растенијата за кои производителите на портокал велат дека го загрозуваат нивниот опстанок.

Како овој недостиг од испораки ќе се одрази на пазарот се уште не е познато, бидејќи недостигот на портокали треба да се надомести. Веќе се споменува дека со инаку зголемените трошоци во земјоделството, што доведува до раст на цените, блокирањето на јужноафриканското овошје може да предизвика ново поскапување на портокалите на европскиот пазар.