Јужна Кореја ќе одбере добавувач за технологија за изработка на пилот платформа за развој на дигитална валута, приближувајќи се до создавање на сопствена криптовалута којашто ќе добие поддршка од централната банка.
Корејската централна банка преку тендер бара партнер којшто ќе ги истражува можностите за развој на дигитална валута. Платформата ќе содржи симулација на деловните банки и продажни места, а ќе вклучува и плаќање по мобилен телефон, пренос на средства и депозити.
Пилот програмата ќе трае од август до декември оваа година.
Централна банка од Кина до Велика Британија и Шведска ја разгледуваат можноста за развој на дигитална валута како начин на модернизација на своите финансиски системи, прифаќајќи ја криптовалутата заради забрзување на домашните и меѓународните трансакции.
Централните банки на земјите со петтина од светската популација најверојатно ќе издаваат сопствени дигитална валути во следните три години.
Фото: Pexels











