Компанијата КА-ДИС, SEAT Македонија е добитник на националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 за проектот SEAT Open 2012, во категоријата Вложување во заедницата кај мали и средни претпријатија. Наградата беше доделена вчера во хотелот Александар Палас, во рамки на доделувањето на Националната награда за општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија.
КА-ДИС првпат учествуваше на една ваква манифестација во категоријата Вложување на заедницата со проектот SEAT Open 2012, хуманитарен тениски турнир кој се одржа по вторпат мината 2012 година, што најмногу придонесе за добивањето на оваа престижна награда.
“Сме биле поддржувачи на многу хумани акции, вклучувајќи го и овој хуманитарен тениски турнир од кој собраните парични средства од котизациите беа донирани за отворање на нов ургентен центар во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести со што се дава 24-часовна здравствена грижа на најмладата популација”, се вели во соопштениот на компанијата.
На минатогодишниот турнир кој го организираше компанијат учество земаа вкупно сто натпреварувачи во категоријата за возрасни и 40 деца, како и дел од јавни личности кои со својот хуман гест дадоа свој придонес во овој хуманитарен тениски турнир.
Од КА-ДИС додаваат дека овој хуманитарен тениски турнир ќе продолжи да се организира и во иднина и ќе се залагаат тој да има уште пошироки размери во општеството, со што ќе продолжат да придонесуваат во заедницата развивајќи го чувството за вистинските вредности и создавајќи здрава и сигурна иднина на оние на кои останува светот, за најмладите.