Украинскиот инженер Владимир Татаренко осмисли генијален коцепт што во иднина може да спаси милиони животи, пишува Metro.
Се работи за систем за спасување при авионска несреќа при којшто авионот се дели на два дела – кабината со патниците се одвојува од леталото при полетување, за време на лет или при слетување.
Системот е помогнат со падобрани коишто се отвораат веднаш штом кабината се одвои, како и со гумени цевки што испуштаат воздух во подлогата под кабината, со цел истата да може безбедно да се спушти на земја или вода. Дизајнот вклучува и место за багажот под кабината што значи дека и тоа што го понеле патниците со нив нема да се изгуби во случај на одвојување при несреќа.
Татаренко работеше на овој изум цели три години и според него технологија којашто користи Kevlar (синтетички влакна пет пати појаки од челик) и јаглерод ќе биде применета во изградбата на трупот, крилата, вратите, опашката и останатите делови од авионот.