Каде да инвестирате милион долари? Bloomberg предлага српска компанија

117

Додека пазарите ги тресе грозницата од коронавирус, многу инвеститори ги замрзнаа своите инвестиции. Меѓутоа, некои одлучија да инвестираат во злато или криптовалути. Bloomberg запраша пет експерти, меѓу кои и инвеститори и им го постави на сите истото прашање – “Каде би инвестирале милион долари во 2020 година“?

Нивните предлози се насочени во инвестирање на обновливи извори на енергија и возила на електричен погон, акции во најголемите технолошки компании, па и уметнички дела.

Една од идеите од списокот се однесува милион долари да се инвестираат во српска ИТ компанија.

Соговорниците на Bloomberg предупредуваат дека луѓето кои ќе можат да работат од дома ќе мора да продолжат со исто темпо, па очигледен е трендот на инвестирање во решенија за работа од дома.

Се проценува дека работењето од дома ќе влијае и на соодветни алатки, вклучувајќи ја Clockify, компанијата од Нови Сад, рамо до рамо со популарната компанија Slack.

Ненад Милановиќ, основач и извршен директор на Clockify, се согласува дека глобалниот тренд на работа од дома доби замав во оваа пандемија.

“Многу компании се одлучуваат за ваков вид на деловен модел од причини како што се пониските оперативни трошоци и подобрата достапност на квалитетни работници“, рече Милановиќ за српски Telegraf.

Со овој глобален тренд, природно е да се издвојат софтверски алатки кои олеснуваат витални деловни процеси како што се комуникација и организација на работата, посочува тој.

“Clockify е една таква алатка и е лидер во својата деловна ниша. Многу алатки, како што се Microsoft Teams, Zoom, a и Clockify, доживеаја голем прилив на нови корисници во последните неколку месеци, а се очекуваат многу компании кои се во можност да продолжат  моделот на работа од дома“, рече Милановиќ.

Фото: Pixabay