Фото: Pixabay
Данска е земја членка на Европската унија во којашто цените на храната и безалкохолните пијалаци лани беа 130% над европскиот просек, покажуваат податоците на европската статистика.
Веднаш зад оваа скандинавска земја се најдоа и Луксембург и Австрија, чии цени на храната и безалкохолните пијалаци го надминува европскиот просек за 125%.
На дното на оваа листа, пак, се најдоа: Бугарија, Полска и Романија, коишто важат за земји со цени на храната за околу 26 до 28% под европскиот просек.
Земјава иако не е членка на Унија, е дел од оваа статистика, којашто покажува дека храната и безалкохолните пијалаци се 38% под европскиот просек.
Кај земјите од регионот сликата е ваква: Грција 6% над ЕУ просекот, Хрватска 3% под ЕУ просекот, исто толку и Словенија, Црна Гора 22% под просечните цени за храна во ЕУ, Албанија, 21% под европскиот просек, кај Србија тој процент е 22% под ЕУ, кај Турција 30% и Босна и Херцеговина 24%.