Цената секако е еден од поважните фактори при избор на летна дестинација, особено ако имате ограничен буџет. Српски Блиц направи анализа на цените на крајбрежјето на Црна Гора и Албанија, односно споредба меѓу Будва и Саранда.
За 10-дневно летување во ексклузивен хотел со пет ѕвезди на Црногорското приморје за две лица треба да се одвојат меѓу 3.000 и 6.000 евра, додека слично такво сместување на јужното албанско приморје чини околу 2.000 евра.
Кога се работи за приватно сместување, во Будва чини од 12 до 20 евра по лице, а во Саранда скоро и да нема класично приватно сместување, бидејќи најчесто куќите се преуредени во вили и цената по ноќевање се движи од 30 до 40 евра, а во поголем дел од нив вклучени се појадок и вечера.
Една шолја капучино во Будва чини 1,5, а во Саранда едно евро. За ручек во некој ресторан во Будва треба да одвоите пет евра, а во Саранда 3,5 евра по лице.
Доколку имате потреба од такси превоз, почеток на таа услуга во Саранда изнесува 2,5 евра, а во Црна Гора е околу 50 центи.
За патување со автобус, билет на релација Скопје – Будва е околу 1.500 денари, а до Саранда е околу 3.000 денари.
Фото: Pixabay