Каде ги вложува парите Бил Гејтс?

22

Основачот на софтверскиот гигант и познат филантроп, Бил Гејтс веќе речиси нe се потпира на својата основна компаниjа Мајкрософт за да се множи неговото богатство. Во најновото рангирање на најбогатите луѓе на планетата, тој покажа дека заработил нови шест милијарди долари, со што вкупните средства достигнале до 66 милијарди долари.
Богатење на Гејтс овојпат нема речиси никаква врска со Мајкрософт. Поголемиот дел од благосостојбата на Бил Гејтс се од Cascade Investment LLC.
Аналитичарите не знаат многу за Cascade, освен најголемите инвестициски позиции на компанијата. Токму тие сепак можат да ни ги откријат финансиските тајни на најбогатиот Американец. Донекаде изненадавачки, излегува дека кралот на технологијата претпочита старомоден трансакции и диверзификација на средствата во стил на Ворен Бафет.
Оваа година, на пример, Гејтс го зголеми двојно пакетот акции во Republic Services. Тоа е друштво кое управува со 334 компании кои работат со отпад, 191 активни депонии и 74 со рециклирање. Основачот на Мајкрософт одамна е косопственик на Republic Services, но сега поседува 16%. Во моментов, Гејтс има 2,2 милијарди долари од капиталот на Republic Services.
Милијардерот ги зголеми за 17% и вложувањата во синџирот автокуќи AutoNation, до вкупен износ од околу 680 милиони долари. За разлика од Republic Services, акциите во AutoNation годинава се зголемија за 13%.
Друг фаворит на Гејтс е трговскиот синџир за чистење Ecolab. Уделот во оваа компанија не се промени многу во изминатата година, но сепак е една од најголемите негови познати инвестиции во вредност од 1,8 милијарди долари.
Акциите на трите компании се тргуваат по пристојна цена, околу 14 пати повеќе од добивката по акција за AutoNation и Republic Services.