Каде ќе им биде местото на роботите за 10 години?

32

Се очекува роботизацијата и автоматизацијата да го забрзаат својот раст во тековната декада, па да им бидат од поголема помош на луѓето до 2030 година, покажува извештајот под името 10 главни потрошувачки трендови на Ericsson ConsumerLab, во чиј фокус се предвидувањата на потрошувачите за различни улоги поврзани со роботите кои во иднина би ги извршувале место луѓето.

Извештајот ги претставува очекувањата и предвидувањата на 50 милиони корисници на нови технологии од 15 големи градови. Испитаниците оценувале 112 концепти поврзани со паметни уреди, од оние кои се фокусирани на луѓето до оние кои се повеќе рационални и функционални за производство.

Анализата покажува дека потрошувачите очекуваат технологијата во иднина да биде пофлексибилна и повеќе интерактивна и се надеваат дека уредите ќе им помогнат да направат покреативен избор со широк распон во различни секојдневни ситуации до 2030 година.

Фото: Freepik