Каде ќе летуваат Русите

29

По информациите за запирање на летовите со Турција и Танзанија, Русите го насочија своето внимание кон други потенцијални места за одмор.

Во споредба со претходната недела, бројот на барања за пребарување на билети за Израел е зголемен за 212%, Црна Гора за 100%, Грција за 93%, Египет за 84% и Кипар за 82%.

Големиот интерес за Израел се објаснува со фактот дека оваа земја е подготвена од 23-ти мај да прима туристи кои имаат антитела по прележана болест, како и оние кои се вакцинирале.

Според податоците, Турција била на прво место меѓу земјите во коишто руските туристи ќе патуваат од 15-ти април до први јуни. Секој петти билет е издаден за Турција.

Фото: Pexels