Каде најчесто грешат стартапите

66

Не е лесно да се започне бизнис, а токму тоа го искусиле од прва рака многу пропаднати стартапи.

Причините за неуспех можат да бидат различни, но сепак неколку од нив се почести од останатите.

Прескокнување на планирањето

Иако многу стартапи мислат дека немаат потреба од детален бизнис план, фактите го покажуваат спротивното. Не еден, туку потребни се повеќе планови – маркетинг, финансиски план, бизнис план и слично.

Недефинирани цели

Ако не дефинирате што сакате да постигнете нема да знаете во која насока да се движите. Понекогаш и среќата има улога, но во најголем број од случаите, јасните цели го носат стартапот кон успех.

Недоверба во својот производ/услуга

Од клучно значење е да се верува во потенцијалот на тоа што го нудите. Ако вие не верувате нема да веруваат ни потенцијалните потрошувачи и стартапот “паѓа во вода“.

Недоволно рекламирање

Има различни начини за рекламирање, а стартапот треба да одбере како најдобро ќе ја раскаже својата приказна. Тоа треба да биде во зависност од бизнисот и целната група на клиенти, во спротивно успехот може да изостане.

Преценување на можностите

Речиси е невозможно сами да успеете од стартап да направите успешен бизнис. Колку и да се “потковани“ со знаење и вештини, ќе ви требаат луѓе на коишто ќе можете да се потпрете во предизвикот.

Лошо раководење со парите

Премногу, но и премалку трошење може да има негативни последици врз успехот на стартапот. Не смеете во никој случај да се “расфрлате“, но не треба ни да ги штедите парите ако се појави шанса влогот да придонесе за уште поголем “плод“.

Фото:Pixabay