Со ширење на вакцинацијата се отвораат нови шанси за туризмот, а пребарувањата за летни дестинации на интернет и интересот што го регистрираат туристичките агенции покажуваат дека луѓето кои минатата година се откажаа од патувања, оваа година сакаат да си дозволат одмор.
Но, сите земји не се наоѓаат во иста епидемиолошка ситуација, па затоа желбата и можностите за патување не се насекаде исти.
Над половина од анкетираните жители на Европа (65%) планираат ова лето да заминат некаде. Според податоците на Европската комисија, поголемиот дел од нив остануваат на Стариот континент. Најголем интерес има за Шпанија, каде спасот од летните горештини ќе го бараат 10,4% од испитаниците. Потоа следат Италија со 9%, Франција со 7%, Грција со 6,2% и Германија со 5,2%.
Повеќе од половина од анкетираните сакаат на одмор да одат со авион, додека само 36% планираат да патуваат во сопствена режија.
Во САД, како што пренесува CNBC, населението планира да одмор во рамки на својата земја. Тоа не значи и дека Американците нема да уживаат во преубавите плажи, бидејќи поголем дел од нив сакаат летото да го поминат или во Калифорнија или на Хаваи. Но, откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, најави дека вакцинираните Американци ќе можат слободно да патуваат во Европа, се зголеми интересот кај нив за летни дестинации на Стариот континент. Најпопуларни дестинации за Американците се: Лондон, Париз и Барселоно, а нови туристички “ѕвезди“ би можеле да бидат: Данска, Полска, Швајцарија, Хратска и Исланд.
Населението од азискиот континент, пак, не може безгрижно да го планира летниот одмор, бидејќи таму се шири индискиот сој на коронавирусот којшто тешко се става под контрола, а во исто време тие азиски земји не се отворени за странски туристи.
Причина за тоа може да биде и фактот што мал процент од населението на овој континент е вакцинирано, но уште не се знае колку вакцините ќе бидат ефикасни против новиот сој.
Фото: Freepik











