Каде најмногу се купува преку интернет

43

Купувањето преку интернет е се поприсутен тренд денес, а во иднина бројот на оние кои купуваат онлајн се очекува значително да се зголеми. Последните статистики ги покажуваат следниве бројки:

Јужна Кореа е лидер во купување на модни парчиња (77%) производи за нега и убавина (66%), пакувани намирници (51%) и свежа храна (37%).

Кога станува збор за книги, канцелариски материјал и музички производи Јапонија води со 79%. Шпанија е прва во букирање на патувања на интернет со 67%, додека Бразил води во купување на потрошувачка електроника, 57%.

Податоците на Kinsta велат дека 43% од онлајн купувачите купувале “од кревет“ 23% додека биле во канцеларија, додека 20% нарачувале преку интернет од бањата или додека биле во автомобил.

Речиси половина од нив или 48% потрошиле повеќе од планираното, односно купиле нешто што не планира додека нарачувале онлајн.

Еве во кои земји најмногу се купува преку интернет и колку пари носат нарачките на годишно ниво:

Кина – 672 милијарди долари

САД – 340 милијарди долари

Велика Британија – 99 милијарди долари

Јапонија – 79 милијарди долари

Германија – 73 милијарди долари

Франција – 43 милијарди долари

Јужна Кореа – 37 милијарди долари

Канада – 30 милијарди долари

Русија – 20 милијарди долари

Бразил – 19 милијарди долари

Фото:Pixabay