Visual Capitalist направи приказ на најголемите наоѓалишта на нафта во светот, во период од 1868-ма до 2010-та година. Станува збор за над 1.200 наоѓалишта, коишто “кријат“ над 500 милиони барели нафта.
Нивната просечна вредност е околу 1,4% од бруто домашниот производ на земјата во којашто се наоѓаат.
Меѓу најголемите наоѓалишта на нафта се:
Ghawar во Саудиска Арабија, откриено во 1948 година
Burgan во Кувајт, откриено во 1937 година
Gachsaran во Иран, откриено 1927 година
Mesopotamian Foredeep basin во Кувајт
Bolivar coastal во Венецуела, откриено во 1917 година