Каде се најскапи телекомуникациските услуги во ЕУ, а каде сме ние?

89

Телекомуникациските услуги меѓу земјите членки на Европската унија во 2019-та година се највисоки во Белгија (76% над просекот на ЕУ), а по нејзе следат Грција (75%), Ирска (50%) и Луксембург (49%), покажуваат податоците на Eurostat.

Од друга страна, телекомуникациските услуги во текот на минатата година беа најниски во Романија (38% од просекот на ЕУ), по што следат Полска (51%), Литванија (71%), Бугарија (76%) и Латвија (77% од просекот на ЕУ).

И Македонија би се нашла во групата земји со поевтини телекомуникациски услуги, бидејќи лани тие беа на ниво од 67,1% од просекот на ЕУ.

Од земјите во регионот, над просекот на ЕУ се: Словенија (7,4% над просекот на ЕУ), Албанија (6,7%) и Хрватска (6,2% над просекот), додека под просечниот индекс се: Црна Гора (94,2%), Босна и Херцеговина (93,8%) и Србија (73,9%)

Со цел да се направи споредба на цените, земен е просечен индекс 100.

Фото: Freepik