Каде се живее најдобро, а каде најлошо – БДП по глава на жител во земјите ширум светот

163

Гледајќи низ историјата, нашиот животен стандард драстично се зголеми. Според податоците на страницата Our World in Data, од 1820 до 2018 година, просечниот БДП по глава на жител се зголемил скоро 15 пати.

БДП по глава на жител е еден од најдобрите показатели за богатството на една земја.

Иако официјалните податоци покажуваат значително зголемување на животниот стандард на жителите на целата планета, нееднаквоста е сепак крајно изразена. Најбогатата земја (Луксембург) е 471 пати побогата од најсиромашната (Бурунди), пишува Visual Capitalist.

10 најбогати

Луксембург има најголем БДП по глава на жител на планетата и тој изнесува 125.923 долари, што е зголемување за 15% во последната година. На второ место е Ирска со 90.478 долари по глава на жител, на трето место е Швајцарија со 90.358 долари и Норвешка со 76.408 долари на четврто место.

Сепак, бројките исто така можат да измамат. Околу 29% од луѓето што живеат во Луксембург трошат над 40% од своите приходи за тековни трошоци, а дури 31%од нив се изложени на ризик да се спуштат на границата на сиромаштијата и да ја преминат крајната граница ако изгубат приход во следните три месеци

10 најсиромашни

Наспроти мислењето дека живееме во исклучително просперитетна доба, минатата година стапката на екстремна сиромаштија во светот скокна по две децении. Дополнителни 120 милиони луѓе живеат во сиромаштија, а други 30 милиони се очекува да им се придружат до крајот на оваа година.

Според ММФ, Бурунди има најнизок БДП по глава на жител со само 267 долари, следен e Јужен Судан со 323 долари по глава на жител, потоа Малави со 397 долари и Мозамбик со 431 долари.

Фото: Visual Capitalist